|
Река.Историјат Денес, населението во Река брои околу 10.000 жители. Главни занимања на Реканците биле (и сè уште се) сточарството и печалбарството. Реканците од секогаш биле познати фреско-живописци, копаничари, ѕидари, мозаичари и денес тие се едни од најбараните фасадери, ѕидари, плочкари и мозаичари во Италија и западна Европа. Интересен е податокот дека во Реканскиот крај во дваесеттите години постоел млековод кој го спроведувал млекото од поголемите села до работилниците за преработка. Сирењата и кашкавалите од Реканско, преку Солун, се извезувале дури и во Америка. Пред Втората светска војна, во Река се напасувале 2.5 милиони овци и исто толку кози, како и повеќе од 150.000 коњи. Тие претставувале силен економски потенцијал од кој убаво живееле над 17.000 жители на тогашната Галичка околија.
|

© CAC 2005, сите права се задржани.